Connect with us

Ракомет

Нова победа на Вардар во СЕХА лига

Македонскиот ракометен шампион Вардар, триумфираше во дуелеот со Татран Прешов со 23:21 во последниот натпревар во 2018 година на домашен терен. За „црвено-црните“ ова е 10. победа со која се зацврстуваат на лидерската позција на табелата во регионалната СЕХА лига.

По првото полувреме Вардар имаше минимална предност (10-9), а потоа успеа да дојде до очекуван триумф на домашен терен.

Најефикасни во составот на Вардар беа Игор Карачиќ со шест гола, Стоилов, Чупиќ и Дисингер додадоа по три.

Пред зимската пауза резервирана за репрезентативните активности, на Вардар му преостанува уште гостувањето во Букурешт против Стеауа на 17 декември.