Connect with us

Кошарка

Нова победа за Голден Стејт, триото Кари, Дурант, Томсон проработи

Шампионот во НБА лигата, Голден Стејт забележа убедливо со 133:103 на гостувањето кај Далас.

Триото Кари-Дурант-Томсон заедно постигнаа 75 поени. Кари беше најефикасен со 29, Дурант даде 25 поени, а Tомпсон 21

Од останатите дуели го издвојуваме поразот на Хјустон пред своите сумпатизери од Мемфис со 90:98,

На домаќините не им помогнаа ниту расположените Гордон со 27 и Харден кој постигна 22 поени, бидејќи на спротивната страна дури петмина гостински кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а најмногу 26 Марк Гасо.

На другите натпревари одиграни ноќеска постигнати беа овие резултати: Детроит – Филаделфија 86:97, Мајами – Атланта 104:93, Милвоки – Шарлот 103/94, Далас – Голден Стејт 103:133, Сан Антонио – Торонто 101:97, Денвер – Вашингтон 104:109, Феникс – Сакраменто 117:115.