Ракомет
Нова потврда дека имаме светски судии во ракомет, Начевски-Николов ќе ја делат правдата помеѓу Холандија и Данска
Македонската судиска двојка во ракомет Начевски-Николов ќе ја делат правдата на мечот Холандија – Данска на ЕП во ракомет кое се игра во Словачка и Унгарија. Ова е уште една потврда дека нашите двајца судии се едни од најдобрите во европа, па и светот бидејќи постојано судат мечеви од висок ранг.
Данска е прва во групата од втората фаза со 6 бодови, додека Холандија има само два. Данска веќе е сигурен патник во полуфиналето, додека Холандија со евентуална победа може да ги продолжи мечевите, во зависност секако што ќе направат Франција и Исланд. Исланд игра против Хрватска, додека Франција против Црна Гора.