Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ по победата: Мило ми е што се вратив во Австралија

Новак Ѓоковиќ немаше проблем да го победи Французинот Констант Лоестиен со 6:3, 6:2 во неговиот прв натпревар во Австралија на АТП 250 турнирот во Аделаида откако беше депортиран пред речиси една година.

Тој наиде на топол прием од локалната публика уште во неговиот натпревар во двојки, а публиката дури и го скандираше името на Ѓоковиќ за време на неговата победа над Французинот, кој е рангиран на 65-то место во светот.

„Морам да кажам дека ми е драго што се вратив во Австралија. Благодарам на сите што ме пречекаа на начин за кој можев само да сонувам“, коментираше 35-годишниот Србин по натпреварот. „Ако требаше да изберам една земја во која имав најголем успех и се однесував најдобро со мене, таа е тука. Го освоив мојот прв Грен слем овде во 2008 година и имам девет титули на Австралија опен. Имав епски натпревари“. – додаде Новак.

Во следното коло на турнирот Ѓоковиќ ќе се соочи со уште еден Французин – Кентен Алис, кој го совлада Австралиецот Џордан Томпсон со 6:3, 6:4.