Други спортови
Новак Ѓоковиќ строг татко, забрана за неговиот син: На девет години, нема да го носиш тоа!
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, разговараше „онлајн“ со Бугаринот Григор Димитров, а во таа прилика допре и една многу интересна тема.
Ѓоковиќ призна дека Димитров во неколку наврати бил главна тема во куќата на Ноле, поради синот на српскиот тенисер, Стефан.
– Добро, Григор, знаеме дека си голем обожавател на нараквиците Ван Клиф. Колку имаш – праша српскиот тенисер?
Димитров одговори како топ.
– Новак, повеќе отколку што можеш да ставиш на зглобот, човеку. Јас сум голем фан на Ван Клиф!
Новак потоа го допре својот син Стефан и откри дека и тој сака да ги носи тие алки.
– Патем, син ми побара една, а јас реков не, на девет години нема да носиш нараквица Ван Клиф.
Потоа праша: „Зошто тогаш носи Димитров? Само да ве известам, вие сте тема во куќата.