Други спортови
Новак продолжува да пишува историја, освојувајќи го 10. Австралија опен победувајќи го Циципас
Новак Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови 6:3, 7:6, 7:6 и ја освои 10. титула на Австралија опен. Ова е вкупно 22. Грен слем титула за Новак со која се изедначи со Надал на вечната ВТА листа.
Шампионски танц на Ѓоковиќ во „Род Лејвер Арена“ – 3:0 (6:3, 7:6, 7:6)
Со супериорна игра во тај-брејкот, кој го добива со 7:5, Ѓоковиќ го завршува финалето со Циципас за чиста ДЕСЕКА!
Десеттата титула на Отвореното првенство на Австралија, со десетта последователна победа против Стефанос Циципас без загубен сет, 6:3, 7:6 (7:4), 7:6 (7:5) по 2 часа и 56 минути на играјте.
Новак Ѓоковиќ повторно светски број 1!