Connect with us

Тајмаут

Новата девојка на Пике се чувствува уништено, за неа допрва почнува пеколот

Она што почнува лошо, завршува лошо. Се чини дека таа фраза најдобро го опишува моменталниот статус на врската на Жерар Пике и многу помладата Клара Киа, девојката што фудбалерот на Барселона ја избра за нова животна партнерка по раскинувањето со Шакира.

Пике и Клара се во врска неколку месеци, тоа веќе не го кријат и многу често се појавуваат во јавноста, но психолошката состојба на оваа девојка од ден на ден се влошува, барем така тврди „Марка“.

Мадридскиот весник пишува дека младата Шпанец се чувствува ужасно и дека е силно погодена од текстот на новата песна што ја објави долгогодишната партнерка на Пике, Шакира.

Клара е многу погодена од заладените односи меѓу Шакира и Пике, а новата песна на колумбиската пејачка на некој начин беше само шлаг на тортата.

Она што ја погодува Клара се одредени реплики од песната која за кратко време собра повеќе од 60 милиони прегледи, што доволно говори за популарноста на колумбиската пејачка.

„Не поднесувам луѓе со две лица, а за тебе ја ставив раката во оган“, само една од репликите, а многумина протолкуваа дека е упатена до Пике.

Бесрамното однесување на Пике, појавувањето во јавност со нова девојка, расправиите за децата се само дел од причините кои ја принудија Шакира да ја објави оваа песна за кратко време.

Пред да стапи во врска со Пике, Клара работела како келнерка во едно од кафулињата, кое во меѓувреме изгубило многу муштерии поради лошиот публицитет, па поранешните колеги почнале да му вртат грб на Шпанецот.

Во меѓувреме, Клара престана да оди на работа. Со оглед на тоа што е вработена во фирмата на нејзиното момче, поради огромниот притисок каде и да се појави, и дозволуваат да работи од дома, а наводно почнала да чувствува страв од појавување во јавност.

Пике е решен да ги задржи двата сина Милан и Саша со себе во Барселона, додека Шакира прави се за да го добие старателството над децата и да ги однесе во својот дом во САД.