Connect with us

Фудбал

Нови детали за драмата која го потресе фудбалскиот свет, кариерата на Касиљас е завршена

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас во средата  доживеа срцев удар и успешно се опорави во болницата.

Истиот ден, Касилијас се јави од болницата и им кажа на сите дека во моментов е во ред.

“Тоа беше страшно, но сè е под контрола. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка”, пишува Касиљас на социјалните мрежи.

Сепак, почитуваниот шпански кардиолог Хуан Антонио Корбалан смета дека Касилијас веќе нема да може професионално да игра фудбал.

“Икер повеќе не може да се занимава со професионален спорт, тој има претрпено миокарден инфаркт, тој може да води нормален живот, но ова е крајот на неговата кариера, не верувам дека ќе се врати”