Кошарка
Нови порази на Кливленд и Оклахома, борбата за плејоф ќе трае до последен натпревар
Атланта го совлада Кливленд со 117:115 и на актуелниот вицешампион му го нанесе шестиот пораз во досегашниот тек од сезоната, а вкупно четврти на домашен терен. Денис Шредер мечот го заврши со 28 поени и девет асистенции додека Лук Бабит и Тореан Принс постигнаа по 17.
Во поразениот тим ЛеБрон Џејмс забележа 26 поени, 13 додавања и пет скока, Двејн Вејд додаде 25 поени, 11 освоени топки под обрачите и шест асистенции, а Кајл Корвер беше стрелец на 23 поени.
Во останатите натпревари:
Њујорк – Индијана 108:101
Орландо – Бостон 88:104
Сан Антонио – Феникс 112:95
Минесота – Шарлот 112:94
Торонто – Вашингтон 96:107
Портланд – Оклахома 103:99
Хјустон – Јута 137:110
ЛА Клиперс – Мајами 101:104