Фудбал
Нови проблеми за Баерн, Левандовски мора на операција
Напаѓачот на Баерн Минхен и предводник на листата на стрелците во Бундеслигата, Роберт Левандовски ќе мора на операција. Како што пишуваат германските медиуми, тој има проблеми со препоните.
Паузата би траела една до две недели, што значи дека нема да игра против Олимпијакос во ЛШ и Борусија Дортмунд во домашното првенство.