Connect with us

Фудбал

Нови проблеми за Јунајтед, се повреди Де Хеа, нема да игра против Ливерпул?

Давид Де Хеа, го повреди мускулот на левата нога во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 одигран синоќа помеѓу Шведска и Шпанија (1:1)

Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед се повреди при судирот со напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг и беше заменет во 60-тата минута со Кепа Аризабалага.

Според „А Бола“, Шпанецот може да го пропушти следниот натпревар од шампионатот на Англија со Ливерпул, кој ќе се одигра на 20 октомври.