Connect with us

Ракомет

Нови проблеми за Вардар за дуелот со Кил, отпаднаа двајца ракометари

Ракометарите на Вардар вечерва (20.45 часот) му гостува на Кил во рамки на деветтото коло од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се наоѓаат во серија од пет порази по ред во Лигата на шампионите, а за вечерашниот натпревар, тренерот Веселин Вујовиќ нема да може да смета на голманот Борко Ристовски кој се уште не е опоравен од повредата како и средниот бек, Анте Гаџа кој има вироза. На нивното место, во тимот се Али Сафар како и Јоел Куни Моралес кој го пропушти последниот натпревар за Вардар во ЛШ.

 

Реклама

Facebook

Реклама