Фудбал
Нови вознемирувачки сцени, прекинат натпреварот Ватфорд – Челси: Лекарите спасуваат живот!
Еден од навивачите на трибините колабирал и мораше да реагира Брза помош. Засега нема информација во каква здравствена состојба е навивачот, но поради оваа причина натпреварот беше прекинат.
Моментно лекарите се борат да го спасат животот на тој човек, а поради таа причина е и во прекин натпреварот.
Слична ситуација имаше оваа сезона на „Ст. Џејмс“ парк кога имаше прекин на натпреварот помеѓу Њукасл и Манчестер сити, а лекарите и тогаш се бореа за животот на еден од навивачите на стадионот.
По првите 15. минути на „Викариџ Роуд“ резултатот беше 0-0, и се чека одлука дали истиот ќе продолжи вечерва.