Ракомет
Новиот член на Еурофарм Пелистер кој вечерва ќе брани против Македонија: Клучен меч за пласман во следната рунда
Карем Хендави е нов член на Еурофарм Пелистер. Иако пред неколку дена е потрврден договорот, сепак тој ќе допатува во Битола по завршувањето на СП. Неговата земја е домаќин, а тој е дел од селекцијата. Во пресрет на вечерашниот меч вели дека е клучен за пласман во следната рунда.
-Станува збор за сериозен противник кој ќе ни пружи поголем отпор од Чиле. Ова ќе биде тежок меч, клучен за пласман во следната фаза, изјави Карем Хендави, долгогодиишната „единица“ на Египет.