Connect with us

Фудбал

Новиот калчолигаш го „мерка“ Несторовски

Илија Несторовски моментно се подготвува со македонската репрезентација за новите настапи во квалификациите за ЕП 2020 во Скопје против Полска и Австрија, пишува Слободен печат.

Несторовски со Палермо имаше цел сезонава да се врати во Серија А, но не успеа. Потсетување дека најпрвин поради финансиски малверзации клубот беше пратен во понизок ранг, но веднаш потоа одлуката ја преиначи италијанскиот Федерален суд.

https://twitter.com/vale_crak/status/1136539325456429056

Станува збор за тимот на Лече кој лани во Серија Б го освои второто место со еден бод помалку зад Бреша во конечниот пласман.

За Несторовски се шпекулираше и дека Црвена Звезда има намера да го ангажира македонскиот репрезентативец кој во досегашните три сезони за Палермо беше стрелец на 39 голови.

Извор: Слободен печат