Кошарка
Новицки го мина и Мелоун
Најдобриот европски кошаркар во НБА лигата, Дирк Новицки, го одигра 1477 натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот. Германскиот кошаркар во дресот на Далас со овој меч го престигна легендарниот Карл Мелоун, кој сега е на петтото место на вечната листа во НБА лигата. Пред Новицки сега се само Џон Стоктон, Карим Абдул Џабар и Роберт Периш.
Во своите две децении во НБА, крилниот кошаркар има просек од 21,1 поен, 7,7 скока и 2,5 асистенции.