Кошарка
Њујорк без Порзингис минимум до средината на февруари
Рехабилитацијата на Кристапс Порзингис по операцијата на левото колено продолжува, но тој нема да се врати во тимот барем до средината на февруари, објавија од раководството на Њујорк Никс.
Претседателот на клубот, Стив Милс изјави дека Порзингис работи на индивидуална програма, но истражувањата по два месеци ќе одредат дали тој е подготвен да се врати во игра.
Кошаркарот се повреди на 6 февруари. Милс додаде дека рехабилитацијата на играчот се одвива добро, но дури во февруари ќе се знае дали тој ќе може да игра оваа сезона.