Connect with us

Фудбал

Њукасл постави клупски рекорд за серија без пораз во Премиер лигата

Њукасл ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата, која сега изнесува 14 натпревари. Избраниците на Еди Хау со 1-0 славеа на домашен терен од Фулам во 20. коло од англискиот шампионат.

Со тоа, Њукасл го израмни својот рекорд на последователни натпревари без пораз.

Оваа серија во моментов е најдобра меѓу сите тимови кои играат во топ 5 европските лиги.

Њукасл последен пат загуби во Премиер лигата на 31 август од Ливерпул (1:2). Оттогаш имаат 9 победи и 5 нерешени.