Фудбал
Њукасл собра 100 милиони за Влаховиќ во јануари
Екипата на Њукасл подготви одлична понуда за ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ. Calciomercato тврди дека напаѓачот би можел да се упати кон Англија во јануари во правец на Сент Џејмс Парк.
Весникот пишува дека новите сопственици на „страчките“ дале зелено светло за понуда вредна 100 милиони евра за српскиот репрезентативец. Тоа ќе го направи Влаховиќ четвртиот најскап играч во историјата на Премиер лигата.
Сепак, информациите наведуваат и дека самиот играч не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
Влаховиќ минатата сезона постигна 21 гол на 37 натпревари во Серија А, а веќе постигна 15 на 17 натпревари оваа сезона, како и два гола во Купот на Италија. Тоа значи дека Србинот е само третиот играч по Лука Тони и Кристијано Роналдо, кои постигнале повеќе од 30 гола во Серија А во една календарска година од 1961 година.
За Влаховиќ заинтересирани се и екипите на Јувентус, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Баерн Минхен.
Десниот бек на Атлетико Мадрид, Киеран Трипиер и централниот бек на Лил, Свен Ботман се исто така на списокот на менаџерот на Њукасл, Еди Хау за јануари.
Newcastle launch huge 'NINE FIGURE' transfer bid for Arsenal target Vlahovichttps://t.co/a9Yt0Aq1Dl
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) December 17, 2021