Connect with us

Тајмаут

Обамејанг го „искрши“ Ламборгинито од 270 илјади фунти

Арсенал е поразен од Лестер со 2:0, а пред мечот се случил инцидент во кој за среќа нема повредени, но сепак има голема штета.

Имено, напаѓачот на „Топџиите“ Обамејанг го удрил своето Ламборгини од 270 илјади фунти. Најверојатно дека фудбалерот е виновен за сообраќајката, бидејќи удрил во друг автомобил марка Мецедес.

Сепак, Обамејанг нема потреба да се грижи премногу бидејќи со неговата неделна плата од 200 илјади фунти неделно, лесно може да си дозволи ново Ламбогрини.