SPORTM.mk
Обезбедени преноси од дебито на Македонија на ЕП во одбојка!
Македонската одбојкарска репрезентација за нешто помалку од еден месец (12-28 септември) ќе го почне дебитантскиот настап на едно Европско првенство (ЕП) и тоа во група во Љубљана, натпревари кои ќе бидат достапни за пошироката спортска јавност кај нас откако Македонската телевизија (МТВ) ги откупи правата за пренесување на средбите од овој настан.
Станува збор за континентален собир кој ќе се игра уште и во Белгија, Франција и Холандија и кој е прв со учество на 24 репрезентации. Македонија е во група заедно со домашната словенечка селекција, Белорусија, Финска, Русија и Турција. Првиот меч нашите „спартанци“ ќе го одиграат на 12 септевври против Финска.
„Да бидеме сведоци како го живеат сонот“, е мотото под кое спортската редакција на МТВ ќе ги пренесува сите натпревари на жолто-црвените како и најинтересните останати дуели од ЕП кое првпат се игра во четири различни земји.