Тајмаут
Обезбедувањето брутално ја запре девојката која истрча на теренот, потегот предизвика вистински хаос (ВИДЕО)
Девојката која реши да влезе на теренот за време на натпреварот од австралиската рагби лига помеѓу Голд Коуст Титанс и Парамата Елс беше брутално сопрена од обезбедувањето на стадионот.
Има многумина би сакале да влезат на теренот за да слават и да објават видео на социјалните мрежи додека трчаат на теренот.
Така пред неколку дена во Австралија девојката излезе на терен бидејќи тоа беше нејзина огромна желба.
„Мојата најголема цел во животот е да трчам на теренот“, вели оваа девојка во видеото, а потоа трча на теренот соблечена по градник.
Таа успеала да го избегне едниот чувар, но другиот немал милост. Со брутален старт ја собори на теренот и неговиот потег предизвика бројни контроверзии.
Многумина сметаат дека ова е претешка реакција на претставниците на обезбедувањето. Против него е покрената истрага.
Сепак, девојката која влегла на терен тврди дека го добила тоа што го барала.
„Го добив тоа што го барав. Човекот си ја вршеше работата“, изјави таа за 7News.
9NewsAUS: RT @9NewsGoldCoast: SECURITY TACKLE: A pitch invader has been dealt a "heavy-handed" response at last night's game between the Gold Coast Titans and Parramatta Eels.
The Titans' club will launch an investigation into the security provider's co… pic.twitter.com/ZkAb1Adpyi
— ImAllNews (Australia) (@ImAllNews_AU) April 10, 2022
Девојката за две недели ќе биде на суд, а најверојатно ќе добие и парична казна за овој потег.