Connect with us

Други спортови

Објавен календарот за следната сезона во Ф1, за прв пат 22 трки

Меѓународната автомобилска федерација го одобри календарот за сезоната 2020 во Формула 1. За прв пат во историјата, првенството ќе се состои од 22 трки. Германското гран-при е елиминирано, но ќе има две нови трки – Холандија и Виетнам.

Кампањата ќе започне со традиционалното австралиско Гран-при на 15 март, а ќе заврши во Абу Даби на 29 ноември.

Календар за сезоната 2020:

15 март – Австралија
22 март – Бахреин
5 април – Виетнам
19 април – Кина
3 мај – Холандија
10 мај – Шпанија
24 мај – Монако
7 јуни – Азербејџан
14 јуни – Канада
28 јуни – Франција
5 јули – Австрија
19 јули – Велика Британија
2 август – Унгарија
30 август – Белгија
6 септември – Италија
20 септември – Сингапур
27 септември – Русија
11 октомври – Јапонија
25 октомври – САД
1 ноември – Мексико
15 ноември – Бразил
29 ноември – Абу Даби.