Ракомет
Снимка од убиството на ракометарот на Бутел Денис Тот (ВИДЕО)
На јутјуб кусо време се појави видео снимка од безбедносните камери и нападот кој зарши со смртни последици за ракометарот на Бутел, Денис Тот. На снимката добро се гледа како едно лице го удира хрватскиот ракометар пред ноќен клуб, а тој потоа паѓа. Две други лица продолжиле да го удираат ракометарот додека тој лежел на асфалтот.
Пред неколку дена Тот почина на КАРИЛ. Бил донесен без срцева акција и со оток на мозокот. Прво од КАРИЛ соопштија дека немал видливи траги на насилство, но еден ден подоцна се огласи обвинителството кое соопшти дека станува збор за убиство, бидејќи по прегледаните видео записи осомничени се три лица кои со тупаници и клоци го удирале ракометарот.
Веднаш потоа и од МВР излегоа со речиси слично соопштение како обвинителството. Познато е дека три лица се осомничени за смртта на ракометарот, меѓу нив и девојка која има 19 години.