Тајмаут
Објавени фотографии од жестоката расправија на Пике и Шакира
Во средината на оваа година во светските медиуми одекна веста дека Жерар Пике и Шакира раскинале по 12 години.
Врската помеѓу познатиот фудбалер и пејачката беше интересна за медиумите, а нивната пауза дојде како „експлозија“.
Откако Жерар Пике раскина со познатата колумбиска пејачка, во шпанските медиуми се појавија различни информации за приватниот живот на двајцата.
Шпанските медиуми пишуваат дека колумбиската уметница наводно планира одмазда, откако видела дека фудбалерот се појавил со нов партнер со кој наводно е во врска од пред една година.
Меѓутоа, светот остана шокиран од новите фотографии кои ги објави угледната „Марка“.
На фотографиите се гледа жестока расправија меѓу Шакира и Пике на јахта. Ова се случило за време на годишниот одмор, а работите да бидат уште подраматични, сето горенаведено се случило пред очите на нивните деца, кои ја следеле расправијата меѓу двајцата сопружници.
Capturaron a Shakira y pique en plena discusión (aparantemente) se vienen letras más intensas? …. 😱 pic.twitter.com/vEghX0SyOe
— Shakira Rock 🤖 🤟 (@ShakiraRock3) September 1, 2021
Шакира планирала да се пресели во Мајами со двата сина, но Жерар Пике се спротивставил. Двајцата ќе одат на суд бидејќи не постигнале договор на две средби во август.
Сапуницата продолжува, а споменатата фотографија ќе предизвика нови коментари кои секако ќе бидат жестоки.
Со оглед на тоа што фудбалерот постојано е следен од шпанските новинари, тој реши да возврати и да ги тужи оние кои изнесуваа лажни информации, што според фудбалерот претставува „напад врз него и неговите деца“. Ќе видиме каков ќе биде одговорот на фотографиите од споменатата жестока тепачка.
Сега главна тема стана старателството над двете деца Саша (6 години) и Милан (9 години).