Тајмаут
Очајната девојка на ѕвездата на Реал му испрати порака на Касемиро: „Еб*н…“
Мирисот на пари лесно ги мами играчите од најголемиот клуб во светот.
Познатото трио Лука Модриќ – Тони Крос – Касемиро повеќе не постои. Во изненадувачки трансфер, Бразилецот го напушти Реал и замина во Манчестер Јунајтед.
Искусниот играч за врска секако не го привлече проектот на Јунајтед, туку пред се одличната плата бидејќи според некои извори ќе заработува дури двојно повеќе од актуелниот европски шампион.
Според информациите на Островот, Касемиро ќе заработува дури 410.000 евра неделно, што е повеќе од импресивна бројка.
Од друга страна, Реал одлично се снајде бидејќи за својот „Тенк“ доби 72 милиони евра, а може да инкасира уште 13 милиони евра бонуси.
Трансферот на Касемиро секако изненади многумина, особено мадридскиот табор, а некои се очајни за неговото заминување.
Мина Бонино, девојката на Федо Велвердо, потврди дека е очајна што бразилскиот играч за врска си замина.
Бонино испрати очајна порака до Касемиро на Whatsapp кога дозна дека заминува: „Еб*н Gil… Немој да заминеш“, му напишала на Бразилецот.
Сепак, нејзините зборови немаа премногу влијание врз одлуката на одличен фудбалер, кој на тој начин по девет години го напушта Реал.
— Mina Bonino (@Minabonino) August 19, 2022
Касемиро заминува со 18 трофеи, од кои пет се Лигата на шампионите. Нема сомнеж дека неговото заминување ќе биде главоболка за Карло Анчелоти.
Крос – Касемиро повеќе не постои. Во изненадувачки трансфер, Бразилецот го напушти Реал и замина во Манчестер Јунајтед.