Connect with us

Фудбал

Очекувана победа на Реал над Еибар

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа очекувана победа во дуелот против Еибар.

На средбата од 9. коло на шпанската Примера, тимот на Реал пред својата публика на „Сантијаго Бернабеу“ го победи Еибар со 3:0.

Домашниот тим поведе во 18. минута благодарение на автоголот на Пауло Оливеира. Десет минути подоцна (28), Марко Асенсио го постигна вториот гол, а конечниот резултат беше дело на Бразилецот, Марсело на осум минути пред крајот (82).

Со трите нови бода и вкупно 20, Реал сега е на третото место зад Барселона која има 25 и Валеснија со 21, додека по „кралскиот тим“ следува Арлетико Мадрид со 19 бода.

Екипата на Еибар е на 16. место со само седум освоени бодови.

Оваа рунда во Примера ќе биде комплетирана вечерва со две средби, Реал Сосиедад – Еспањол и Дерпортиво Ла КОруња – Џирона.