Connect with us

Кошарка

Очекувано: Ирвинг стана слободен агент

Каири Ирвинг нема да ја искористи можноста да го продолжи договорот со Бостон за уште една година и ќе стане слободен агент. 27-годишниот бек може да ја активира клаузулата за која станува збор и да обезбеди 21,3 милиони долари следната сезона, но ќе си ја проба среќата на пазарот за да обезбеди подобра зделка – за себе или за Селтикс.

Ирвинг пристигна во Бостон пред почетокот на сезоната 2017/2018 и за две години забележа 127 натпревари за Келтите во регуларната сезона, со 24,1 поен, 5,5 асистенции, 3,4 скока и 1,3 украдени топки. Во 9 плејоф-натпревари за тимот од северот на САД, тој имаше 21,3 поени, 7,0 асистенции, 4,4 скока и 1,3 украдени топки по меч.

Пред тоа, Каири помина шест сезони во Кливленд, освојувајќи ја титулата во 2016 година.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com