Connect with us

Фудбал

Очекувано: Одложено дербито помеѓу Тотенхем и Арсенал

Одложено е дербито во Северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал, кое требаше да се одигра оваа недела.

Премиерлигата го прифати барањето на „топчиите“ да не се одржи натпреварот откако „Топчиите“ објавија дека имаат многу играчи кои моментално се недостапни поради КОВИД, разни повреди и оние кои учествуваат во Африканскиот куп на нации со нивните земји.

Скај Спортс пишува дека Тотенхем е незадоволен од одложувањето на натпреварот и верува дека во моментов нема појава на коронавирус во Арсенал.

Во петокот, менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, инсистираше на тоа дека „намерата на Арсенал е секогаш да игра“.

Реклама

Facebook

Реклама