Connect with us

Тајмаут

Очевидец: Хеликоптерот падна пред очите на голманот Шмајхел, тој почна да трча, го спречи полицијата

Овој момент долго ќе го памети голманот на Лестер. Неговиот сопственик загинал пред неговите очи, раскажуваат очевидци на настанот.

По завршувањето на натпреварот, хеликоптерот полетал, а голманот Шмајхел бил на само неколку метри и забележал дека хеликоптерот губи контрола и паѓа.

По ова веднаш започна да трча кон местото каде што се срушил, но бил спречен од страна на полицијата бидејќи знаеле дека ќе следува експлозија по срушувањето на хеликоптертот.

Полициските службеници се доближиле до хеликоптерот, се обиделе да го скршат стаклото, но тоа било не возможно. Поради нова експлозија ти веднаш го напуштиле местото.

Сопственик на Лестер е петтиот најбогат човек во неговата земја, богатството од 5 милијарди долари е направен преку бесцарински продавници, Лестер беше купен за 40 милиони фунти на почетокот на оваа деценија.