Фудбал
Од Белгија до Шкендија: Шампионот се засили со Гури
Шкендија синоќа потпиша едногодишен договор со албанскиот интернационалец Синдрит Гури (27).
„Пресреќен сум со овој трансфер. Кога дознав дека можам да дојдам во Шкендија без размислување дојдов во Тетово да потпишам. Многу сум среќен што по три години се враќам во албански тим, но уште посреќен што се приклучувам на тим како Шкендија. Правам вистински чекор во кариерата затоа што Шкендија е актуелен шампион на Македонија, со амбиции за нова титула“ – вели Гури по промоцијата во новиот дрес.
Се работи за напаѓач, кој треба да го замени Бесарт Ибраими, кој летово го напушти Тетово по долги години верност.