Фудбал
Од Динамо Загреб во националниот дрес на Шпанија
Најдобриот фудбалер на Динамо Загреб Дани Олмо доби повик за настап во националниот дрес на Шпанија.
Фантастичниот 21-годиен напаѓач се докажа со игрите за младата селекција, со која освои Европско првенство оваа година во Италија и Сан Марино, каде ја понесе титулата најдобар играч во финалето.
Забележителни настапи имаше и во дресот на Динамо Загреб во Лигата на шампионите.
Селекторот Роберто Морено го повика Олмо за крајот на квалификациите за Европското првенство, каде Шпанија ќе игра со Малта (Кадиз, 15 ноември) и Романија (Мадрид, 18 ноември)
Шпанија веќе обезбеди пласман на завршниот турнир, но не е сигурно лидерското место во групата.