Connect with us

Ракомет

Од ЕХФ за РФМ специјални признанија за организацијата на Европското првенство

Европската Ракометна Федерација на последниот ден од натпреварувањето во Скопје додели специјални признанија до Ракометната Федерација на Македонија за беспрекорната организација на ehfeuro2022.

Признанието за Централниот Организациски Комитет на РФМ, доделено на Претседателот на Федерацијата, Живко Мукаетов, го презентираше Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслејтнер.

Признанието за локалниот организациски комитет во Скопје, доделено за напорната работа на волонтерите и на целокупниот персонал во градот, беше врачено од претставниците на ЕХФ, Габриела Хорват и Божидар Ѓурковиќ, на Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

Индивидуални признанија за својот придонес во целокупниот организациски процес на Women’s EHF EURO 2022 во Скопје, високите претставници на ЕХФ им доделија на Јовица Крстаноски, Милан Тодевски, Никола Ѓоргиевски и на Камер Металари, ангажирани од Ракометната Федерација на Македонија.

 

Facebook

Реклама