Connect with us

Тајмаут

„Од моите гради не ги гледате моите квалитети, ви покажав дека грешите“

Австралијката Ејбани Бриџис (35) неодамна ја освои светската титула на ИБФ. Во борбата за појасот на ИБФ во бантам категорија, Бриџис во одличен меч во Лидс ја совлада Марија Роман и конечно стигна до долгоочекуваниот појас.

Бриџис е позната по своите многу атрактивни изведби на вагањата, односно мерењата пред борбите. Таму машките воздишки ги привлекува поради долната облека во која се појавува, а многумина тврдат дека има поголеми гради од квалитетот на боксот. Тоа и пречи на 35-годишната Ејбани. Таа реши да покаже дека знае да се бори и даде се од себе. Пораката до хејтерите е јасна.

“Веројатно ви го одвлекле вниманието моите гради и не можевте да ги видите моите вештини. Не грижете се, не сте сами. Има доволно хејтери кои не можат да ги преболат моите гради. Мило ми е што докажав дека не сте во право. “, рече Бриџис.

А по борбата во која ја понесе титулата шампион, Бриџис реши да реагира.

“Дали знам да се борам? Е*ете се сите оние кои мислат дека не знам да боксувам. Можам да се борам, можам да изгледам добро на вагата. На сите хејтери им докажав дека грешат. Јас сум горда“, рече Бриџис.