Connect with us

Фудбал

Од ноември 2017 година Косово нема пораз, или не загубиле 14 меча по ред

По вечерашните резултати, табелата изгледа вака. Полска  е лидер со максимални 12 бодови. Следува Израел со 7, потоа Австрија со 6, Словенија сега има пет бодови, Северна Македонија 4, а Летонија и натаму е без освоен бод.

Првите две селекции обезбедуваат директен пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одигра во 12 европски градови. Инаку, за одбележување е победата на селекцијата на Косово на гостувањето кај Бугарија со 3:2.

Во трите натпревари од дебитанските квалификации за европско првенство Косово има една победа и два нерешени резултати. Од ноември 2017 година Косово нема пораз, или не загубиле 14 меча по ред

Токму селекцијата на Косово е противник на Македонија во полуфиналето од Лигата на нации. Натпреварот се игра во март следната година, а Македонија ќе биде домаќин.