Други спортови
Од операција на црниот дроб до Вимблдон: Србинката на 28 години направи чудо, а сега ја посакува сензацијата на турнирот
Наталија Стевановиќ до неодамна беше релативно непозната освен за најголемите тениски фанови во Србија. Сега е на најголемиот тест во кариерата и ужива во секоја минута.
Единствената српска претставничка на овогодинешниот Вимблдон, 223. играчка на ВТА листата ќе игра против Каролина Плишкова, која моментално е 18. тенисерка во светот.
Стевановиќ на 28 години за првпат влегува во главната ждрепка на еден Грен слем турнир и веднаш ќе има исклучително тешка задача против тенисер кој пред две години играше во финалето на овој турнир.
Нејзиниот пат бил долг и таков што многумина одамна би се откажале, но со сопругот знаела што треба да прави. По операцијата на цистата на црниот дроб (во текот на 2015 година) продолжи напорно да тренира, а сега направи чудо кога ги збриша ривалките во квалификациите.
Најпрвин падна на Граматикопулу од Грција, потоа на Американката Мандлик, а потоа на Басолс Рибера од Шпанија, што и ја отвори вратата за првпат на 28-годишна возраст да игра на грен слем турнир.
Некои обожаватели ја паметат од периодот кога беше во Топ 5 јуниорки на планетата, а во тоа време оваа Нишанка го имаше моминското презиме Костиќ.

Нејзиниот најдобар пласман беше 162. место на ВТА-листата во ноември 2019 година, а овде, доколку направи вистинска сензација на турнирот, потенцијално би можела да го подобри својот пласман.
Таа со 164 сантиметри може да биде непријатна ривалка за секого на теренот, а на крајот на краиштата освоила 14 ИТФ турнири во сингл и 13 во двојки. За прв пат стана дел од Фед куп тимот на Србија за време на четвртфиналето на Светската група во 2012 година.
Сепак, нејзиниот трнлив пат веќе го даде првиот плод на Грен слем, а сега сака да го искористи тој наплив на самодоверба на вистински начин.