Фудбал
Од следната сезона, видео технологија (ВАР) и во Ла Лига
Од наредната сезона во Шпанската прва лига ќе се воведува видео технологија или ВАР.
“Имаме намера во следната сезона на натпреварите во Примера да се користи видео технологијата. Тоа е голем напредок за фудбалот и мораме да ја прифатиме”, изјави првиот човек на Шпанската фудбалска федерација, Ханан Луис Лареа.
Според најавите видео технологијата ќе се тестира на најмалку 70 натпревари во првенство и потоа следува само формална примена.
Иако претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас изјави дека примената на технологијата е прескапа се чини дека конечно Шпанија ќе им се приклучи на сите посилни лиги во Европа.
Видео технологијата во моментов се користи во шампионатите на Англија, Германија, Франција и Италија.