Другите пишуваат...
Од судбината не се бега – побегна од короната, ама почина од маларија
Фудбалскиот репрезентативец на Того, Куси Кудагба, почина на 24-година возраст, како последица од маларија. Кудагба беше член на локалниот клуб АСК Кару, а последниот меч го одигра во март, пред прекинот на првенството поради пандемијата од коронавирусот.
Кудагба за време на паузата решил да живее кај роднини во село во близина на главниот град Ломе, но токму таму бегајќи од коронавирусот, заболел од маларија.
За селекцијата на Того имаше три настапи, беше дел и од екипата која играше на Африканскиот куп на нации. Двапати по ред беше прв стрелец во лигата, а лани со својот клуб ја освои титулата.
sportmania.mk