Фудбал
Од тинејџерска ѕвезда на Милан и голема надеж, до Реџина и Серие Ц
Многу се очекуваше од Хаким Мастур. Мароканецот потшиша за Милан уште во сезонта 2012/2013, но не успеа да го докаже својот потенцијал. „Росонерите“ го купија за 2 милиони евра, Мастур беше интернет сензација, но тоа не му помогна на теренот.
Две години по доаѓањето беше префрлен во првиот тим, но набрзо после тоа следуваа позајмици поради недостаток на минутажа. Мароканецот се обиде во Шпанија, па Холандија, а минатата сезона како слободен играч беше во грчката ПАС Ламија.
Пред неколку дена се врати во Италија. Ќе настапува во Реџина, која настапува во Серие Ц и која му понуди тригодишен договор.