Connect with us

Фудбал

Одби да биде селектор против Косово, и сега ќе ја води Србија

Љубиша Тумбаковиќ, пред неколку дена беше селектор на Црна Гора и тој одби да ја води својата селекција на дуелот со Косово со образложение дека е Србин, и дека добил „наредба“ да не биде на клупата на својата селекција во дуелот со оваа земја.

Тумбаковиќ тоа го стори, а црногорскиот фудбалски сојуз експресно му врачи отказ.

Сега Тумбаковиќ, кој беше легенда на белградски Партизан како играч и како тренер, ќе биде селектор на Србија, откако фудбалскиот сојуз на Србија ќе му врачи отказ на сегашниот предводник Младен Крстајиќ.

Така Тумбаковиќ, кој неколку пати беше пред промоција на клупата на Србија, сега ќе ја добие шансата и тоа само неколку дена после одбивањето да води селекција против Косово.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com