Connect with us

Тајмаут

Одбојкар со години мислел дека е во врска со манекенката Александра Абросио, дури потрошил и 700.000 евра!

Роберто Кацанига (42), поранешен италијански одбојкарски репрезентативец, со години мислел дека е во врска со бразилскиот модел Алесандра Амбросио (40), која моментално е во врска со Ричард Ли. Поточно, тој веруваше дека во последните 15 години се во врска на далечина.

За работите да бидат поневеројатни, тие никогаш не се ни запознале, а тој потрошил дури 700.000 евра за неа. Подоцна се покажа дека Алесандра всушност била 50-годишна Маја. Според Роберто, пријател му дал телефонски број кој наводно припаѓал на жена која сакала да го запознае. Таа тогаш му признала дека името е псевдоним.

– Не, никогаш не сме се виделе. Секогаш имала илјада изговори, како болест или работа. Но, јас сепак се заљубив во тој глас, и така повик по повик. Контактиравме само преку мобилен, речиси секој ден – изјави Роберто.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама