Фудбал
Одигра само три меча, а Аталанта заработи 40 милиони евра
Аталанта од трансферот на Дејан Кулушевски во Јувентус ќе заработи околу 40 милиони евра. Иако звучи неверојатно, сепак фудбалерот одиграл само три меча за овој клуб, а бил платен само 100 илјади евра.
-Кулушевски го плативме помалку од 200 илјади евра. Ако мора да се каже точно колку, тогаш сумата е половина од таа, изјавил Џовани Сартори директор на Аталанта на прашање на новинар на „Газета дело Спорт“.
Дејан Кулушевски потпиша петгодишен договор со Јувентус, Аталанта ќе добие 35+5 милиони евра за него, а тој сезоната ќе ја заврши во Парма бидејќи таму настапува како позајмен.