Фудбал
„Одиме во Манчестер да го победиме Сити!“
Денеска и утре се играат десетте натпревари од третото коло во Премиер лигата. Тренерот на Арсенал, Микел Артета во моментов се наоѓа пред голем притисок, а сето тоа се должи на кризата во клубот и слабите резултати на „топџиите“.
Свој збор пред овие натпревари зема некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, Димитар Бербатов кој даде тип, прогноза на сите дуели почнувајќи од онаа на „Итихад“ која започнува денеска од 13:30 часот до онаа утре на „Молињу“ од 17:30 часот.
За да бидат работите уште потешки, тие сега гостуваат кај актуелниот шампион Манчестер Сити, каде Артета своевремено работеше како асистент на Пеп Гвардиола.
„Одиме во Манчестер за да го победиме Сити, тоа ќе биде одличен резултат да ги победиме шампионите. Тоа ќе промени се”, изјави шпанскиот стратег.