Connect with us

Ракомет

Одлични вести, МРТВ ќе врши директен пренос од ЕП, погледнете кога ќе можете да ја бодрите Македонија

Македонската радио телевизија успеа да се договори со Арена која ги има правата за овој регион за ЕП, па ќе ги гледаме натпреварите од големиот ракометен турнир и на македонски.

 „Во групната фаза ќе има преноси од натпреварите во термините од 18 и 20:30 часот, а потоа и од 15:30, 18 и 20:30 часот во главната рунда. Ќе има и специјални студиски емисии со еминентни гости и стручни анализи пред натпреварите на Македонија и пред полуфиналето и финалето“, информира уредникот Драган Николовски.

Европското првенство се игра од 13. до 30. јануари. Македонија е во групата A која се игра во Дебрецин, Унгарија заедно со селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора. Првите две репрезентации од групата, се пласираат во главната фаза.

Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП:

  1. јануари 18:00 Македонија – Словенија
  2. јануари 18:00 Македонија – Црна Гора
  3. јануари 20:30 Македонија – Данска

 

Реклама

Facebook

Реклама