Connect with us

Кошарка

Одложен стартот на новата кошаркарска сезона

Почетокот на домашното првенство во Првата лига во машка сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020 е одложен.

-Иако беше предвидено да натпреварувањата во сениорската возрасна категорија – машка конкуренција започнат претстојниот викенд (5. октомври, 2019 година) поради непредвидени новонастанати ситуации почетокот на натпреварувачката сезона се одложува, стои во соопштението на КФСМ.

Викендов треба да стартува сезоната со 11 клуба, но по шокантното откажување на АВ Охрид на само пет дена пред сезоната, лигата остана со тим помалку, а тоа ги менува околностите. Сега треба да се реши како ќе изгледа лигата, со колку клуба, дали повторно ќе се врши жрепка, а и ќе им се даде време на слободните играчи од АВ Охрид да си најдат клубови