Connect with us

Фудбал

Одложен уште еден натпревар од Премиер лигата

Натпреварот помеѓу Њукасл и Саутемптон во англиската Премиер лига, кој требаше да се одигра во недела, е одложен поради бројни случаи на КОВИД-19 и повреди во тимот на страчки, соопшти во петокот Лигата.

Управниот одбор го прифати одложувањето на натпреварот, бидејќи клубот го нема потребниот број на играчи за натпреварот (13 играчи од теренот и еден голман)“, се вели во соопштението.

Ова е 18-ти натпревар во Премиер лигата, кој е одложен во декември поради новиот бран коронавирус.