Connect with us

Фудбал

Одложено дербито во Грција поради 29 заразени со коронавирус

Грчката фудбалска федерација и официјално го одложи претпоследното дерби од деветтото плејоф коло меѓу лидерот во Суперлигата Панатинаикос и шампионот Олимпијакос.

Причина за ова се дури 29 случаи на заразени со коронавирус во составот на „Детелините“. Станува збор за 17 фудбалери и 12 вработени.

На две кола пред крајот на првенството, Панатинаикос има 77 бодови, исто колку и АЕК Атина. Олимпијакос е трет со 67 и без шанси за титулата.