Connect with us

Кошарка

Официјално: Александар Петровиќ е селектор на Бразилската кошаркарска репрезентација.

Официјално: Александар Петровиќ е селектор на Бразилската кошаркарска репрезентација.

Петровиќ до неодамна ја предводеше Хрватска, со која лошо мина на последниот Евробаскетот, по ја напушти клупата на „коцкестите“, па сега ќе ги предводи „кариоките“.
На првата прес-конференција Петровиќ изјави дека негова прва задача ќе биде со Бразил да обезбеди пласман на Мундобаскетот во Кина.

„Ќе се обидеме да се пласираме на Светското првенство во Кина. Среќен сум што ќе бидам селектор на Бразил, за мене тоа претставува нов голем предизвик и се надевам дека на крајот ќе биде успешен“, изјави Петровиќ.

Селекцијата на Бразил трипати освојуваше медал на Олимписките игри, од кои на двапати златен во далечните 1959 и 1963 година. Петровиќ покрај репрезентацијата на Хрватска, седеше и на клупата на Босна и Херцеговина