Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Чави претставен пред навивачите на „Камп Ноу“

Барселона официјално го доби новиот тренер и тоа е легендата Чави Ернандез кој одлучи да се врати дома и му помогне на клубот во овие времиња.

Некогаш еден од клучните играчи во големите и бројните успеси на тимот, сега е тренерот кому му е доверено да ги врати работите на вистинското место. Чави Ернандез попладнево беше претставен пред навивачите на „Камп Ноу“ и официјално ја започна својата ера како тренер на Барселона.