Connect with us

Ракомет

Официјално, Чупиќ заминува од Вардар, од следната сезона во Загреб

Она што се најавуваше во изминатите денови, сега е и официјално. Хрватскиот ракометен клуб ППД Загреб објави дека се е договорено со Иван Чупиќ. По пет години поминати во Скопје, хрватскиот репрезентативец заминува од Вардар.

Чупиќ потпиша тригодишен договор, кој ќе започне на 1 јули 2021 година, објави клубот. Десното крило со Вардар освои две титули во Лигата на шампионите.